И Амди Бајрам си го кажа мислењето за Законот за јазици
Законот за јазици тема која никако да спласне да ја бранува јавноста. По партиски препукувања, објаснувања, надмудрувања од страна на професори и експерти, се изјасни и пратеникот Амди Бајрам.
Амди кој е речиси на страната на секоја политичка гарнитура вели дека законот за јазици е уставно неуставен , но тој сепак ќе го гласа.
За Макфакс пратеникот рекол дека не е некоја голема работа доколку Законот за јазици се излагаса, а нема ниту пречка за тоа.
„Не треба да се одолговлекува. Јас го оценувам законот за уставно неуставен. Надворешниот фактор не притиска, ако сакаме да влеземе во ЕУ и НАТО, мора да се придржуваме кон тоа што тие ќе го кажат. Народот е ставен во психоза, не можеме да просперираме напред без да ги завршиме овие работи“, кажал Амди.
