Економија, финансии, бизнис

Контакт

И Али Ахмети ќе оди на лидерска кај Мицкоски

И Али Ахмети ќе оди на лидерска кај Мицкоски

Од ДУИ вечерва потврдија дека лидерот Али Ахмети утре ќе присуствува на лидерската средба која ја свика премиерот Христијан Мицкоски.

Засега, нема детали каков ќе биде ставот на Ахмети за техничката влада. 

Од коалициските партнери во Владата на средбата се очекуваат претседателот на ЗНАМ и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, а од коалицијата „Вреди“, градоначалникот на Тетово, Биљал Касами.

Левица најави дека прифаќа да се укине техничката влада, но само ако се воведе една изборна единица, а пратеникот Амар Мециновиќ вчера на прес-конференција во Собранието информира дека Левицата ќе присуствува на најавената лидерската средба. СДСМ не планира да учествува на лидерската. 

Слично

Поврзани вести