И Ахмети се огласи за Ќерими
Преседателот на ДУИ, Али Ахмети изрази сочувство до семејството на Реџаил Исмаили кој почина го затвор.
„Искрено сочувство до семејството Ќерими од Опае за нивниот син Реџаил кој почина денеска во скопскиот затвор. Случајот „Алфа“ предизвика сомнежи во јавноста во земјава и со право се бара укор за обелоденување на вистината. За жал, Реџаили замина порано без да очекува ново соочување со правдата за да ја докаже својата невиност“, пишува Ахмети.
Ќерими почина на 53-годишна возраст. Тој беше уапсен во 2008 година под сомнение дека во ноември истата година на паркингот кај Природно-математичкиот факултет во Скопје убил полицаец и повредил уште двајца, сите припадници на полициската единица „Алфа“.
Слично
