И Ахмети ја убедува опозицијата дека Македонците нема да го изгубат идентитетот
На 30 септември се гласа за за мир, стабилност и подобра иднина. Ова е пораката која ја прати во пресрет на референдумот од Тетово лидерот на ДУИ.
Али Ахмети ја повика опозицијата да се приклучи во кампањата за подобри меѓуетнички односи.
Ахмети вели дека овој референдум е важен и обединувачки за Македонците и Албанците затоа што за првпат тие имаат заедничка кауза за зачленување во ЕУ и НАТО, а дека не е вистина мислењето на некои Македонци дека ќе го загубат идентитетот, културата и јазикот.
„Со зачленувањето во НАТО и ЕУ нашата држава се засилува, идентитетот се зацврстува додека надвор од НАТО и ЕУ оваа држава не ни може да преживее, посочи Ахмети.
Слично
