Економија, финансии, бизнис

Контакт

ХУМАНОСТА ЗЕМА ЗАМАВ: Трансплантации на бубрези од починат донор за двајца пациенти на дијализа

ХУМАНОСТА ЗЕМА ЗАМАВ: Трансплантации на бубрези од починат донор за двајца пациенти на дијализа

Хуманоста спасува животи.

Нови шанси за живот од утринава добиваат двајца пациенти на дијализа. 

Ова утринава го соопшти министерот Венко Филипче кој информираше дека во тек се две  трансплантации на бубрези од починат донор.

Според напишаното на Фејсбук, експлантацијата на органите се вршела во доцните ноќни часови, за утринава да почнат трансплантациите на Клиниката за урологија.

Министерот испрати зборови на благодарност со семејството кое покажа дека е можно да се подари живот.

Свесноста за донирање органи во македонија полека се зголемува, но секако потребни се едукација и кампањи за да се издигне на едно повисоко ниво, изјави во неодамнешното интервју директорот на Клиниката ТОАРИЛУЦ, д-р. Александар Трајановски.

-Кај нема се уште регистар на донори, одлучува семејството после незгода, дали да се донираат или да не се донираат органите. Најголема улога во сето ова имаат медиумите за подигнување на свеста за донирање органи, покрај лекарите и целиот тим кој работи на оваа проблематика. Во светот ова е развиено на едно многу повисоко ниво, и јас искрено се надевам дека и ние ќе успееме ова да го подигнеме на повисоко ниво, атоа е нормално со едукација, дискусии, кампања. Како ќе поминува време, мислам дека и кај граѓаните во Македонија ќе се разбуди поголема свестност за значењето на донирање органи, бидејќи бенефитот е огромен. Се спасуваат други животи, им се дава шанса на други пациенти. Коскените графтови може да најдат огромна примена кај пациенти со малигни болести на коските, трауми од повреди, спортски повреди, па ние како Клиника за ортопедски болести веќе сме во преговори за набавка на специјален фрижидер во кој би се чувале подолго време сите експлантати од коскените ткива на температура од -80 степени. Инвестираме во ова, би се инвестирало и во обики за кадарот, се за да живее и да се одржи подолго. Кога се работи за еден ваков зафат мора да има тимска работа, да има поддршка од повеќе страни, пред се и од надлежните, односно од министерот Венко Филипче, а кога станува збор за самиот зафат ова е продолжение на тоа што се случи пред десеттина дена кога беше направена првата експлантација на коскено ткиво од починат дарител. Тоа сега најде примена кај млада девојка со малигнен тумор на надколеница, кој беше успешно отсранет и беше вградена една ендопротеза со изваденот коскено ткиво. Во тимот учествуваа и д-р Далип Јахја, д-р Милена Богојевска Доксевска, д-р Александар Савески, д-р Резеарт Далипи како и васкуларниот хирург д-р Никола Граматниковски. Целиот оперативен зафат траеше пет час. Почнавме околу 9.00, а се заврши околу 14.00 часот. Како тим сме задоволни од целиот исход, нормалоно со самото вградување на коскениот графт од донорот, се надевам дека младата пациентка дека брзо ќе закрепне, посочува д-р. Трајановски во разговорот за Фактор.



Слично

Поврзани вести