Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хуманоста победи за Сара-во Германија ја чека борба со „Anemija Aplastica“

Хуманоста победи за Сара-во Германија ја чека борба со „Anemija Aplastica“

Благодарение на хуманите граѓани Сара Настеска која боледува од „Anemija Aplastica“ заминала за Германија каде треба да почне со лекување.

Сара ја очекува операција, односно пресадување на коскена срж, а донатор ќе биде нејзиното братче.

Нејзините родители им се заблагодаруваат на сите хумани граѓани кои донирале за нивната ќерка.

Трансплантацијата на коскената срж е единствениот спас за целосно излекување и враќање во нормален живот на девојчето.

Зафатот и лекувањето чинат над 200.000 евра во специјализирана детска болница во Германија, која нуди висока успешност со низок ризик а родителие неможат сами да ги обезбедат.

Сите кои се во можност можат да помогнат со уплата на средства на следната жиро сметка: 200001557959672 – Горан Настески, депонент Стопанска банка.

И на телефонските броеви:

T-mobile 143102

VIP 143480


Фото: Охридњуз.ком

Слично

Поврзани вести