Економија, финансии, бизнис

Контакт

ХУМАНОСТА НА ДЕЛО - Архитектката Кировска, заедно со неколку пријатели, подготвија 180 порции ручек за ранливите категории сограѓани

ХУМАНОСТА НА ДЕЛО - Архитектката Кировска, заедно со неколку пријатели, подготвија 180 порции ручек за ранливите категории сограѓани

Некои луѓе, без разлика на своите професии, се истакнуваат по својата хуманост и емпатија кон другите.

Архитектката Милка Кировска, денеска беше пример за тоа како им се помага на своите сограѓани.

Заедно со неколкумина свои пријатели, таа подготвила 180 порции вкусен ручек, и тоа за Црквата Свети Петар и Павле, за ранливите категории граѓани на кои оваа храна им е најпотребна.

„Денеска на моето работно место хуманитарка во Црквата Свети Петар и Павле во Лисиче. Ориз и грашок со пржена риба, со прекрасните Благојче, Христина, Билјана, и мојата маленкост, 180 порции. За многу години празникот Свети Кирил и Методиј, нашите просветители“, напишала Кировска на својот фејсбук профил.


Слично

Поврзани вести