ХУМАНОСТ ЗА ПОЧИТ: Министерот Филипче благодарен на Славица и Мирјана кои донираа конвалесцентна плазма
Министерот за здравство, Венко Филипче преку пост на Фејсбук изрази благодарност кон хуманите ќерки на највозрасната пациентка. Сите три беа позитивни, но се изборија со болеста, а Славица и Мирјана веќе донираа конвалесцентна плазма.
Славица и Мирјана се двете ќерки на најстарата излечена пациентка од КОВИД-19, кои исто така беа позитивни и оздравеа од овој вирус. Тие минатата недела даруваа конвалесцентна плазма која ќе се користи како лек и надеж за потешките пациенти заболени од коронавирусот. Од сè срце им се заблагодарувам за хуманоста.
Упатувам апел до сите оние лица кои се излечени од КОВИД-19 да се пријават за дарување на конвалесцентна плазма. За пријавување пополнете го електронскиот формулар на веб-страницата на Институтот за трансфузиона медицина: https://bit.ly/30ufhA4
Да бидеме хумани и да им помогнеме на пациентите заболени од КОВИД-19 побрзо да оздрават, напиша министерот на својот профил на Фејсбук.
