Хуманост од која навираат солзи - петте дечиња од Драчево добија пакетчиња, облека и храна
Храна наместо глад, пакетчиња наместо празни раце, елка и куп облека наместо пуста просторија... Празната, темна и студена соба, од која за семејството Зафирови од Драчево порталот МКД.мк испрати апел за помош, за само неколку дена се исполни со топлина, нова облека, храна, елка, новогодишни украси, пакетчиња... Огромен број хумани граѓани, спортски здруженија, фирми... го посетија ова семејство и буквално преку ноќ го променија нивниот живот, пишува порталот, после нивната прва приказна за ова семејство.
По објавата на приказната за ова семејство чиј живот се променил комплетно по смртта на таткото на Радица, кој неизмерно им помагал, мобилниот телефон на тажната мајка на пет гладни малолетни деца, кои бараа да пробаат тост и чоколада, не престана да ѕвони за да им се понуди помош. Апелите допреа до срцата на многу хумани граѓани што несебично им донираа храна, облека, постелнини, елка, пакетчиња, финансиски средства, дрва за огрев...
За сега, бидејќи семејството се наоѓа во една соба, дел од донациите се кај соседите додека семејството чека да се пресели во нов дом.
Листата на донатори и донации е долга, а се собраа и пари за кирија, како и за заостанатите сметки...,
фото Мкд.мк
