Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хуманите на уште една приказна и дадоа среќен крај: Малиот Фетах доби кров над глава

Хуманите на уште една приказна и дадоа среќен крај: Малиот Фетах доби кров над глава

Хуманоста се познава само кога ќе биде покажана на дело.

Дека има хумани луѓе е докажано уште еднаш и тоа со последната тажна приказна која доби среќен крај.

Малиот Фетах чија животна приказна ја обиколи земјата и неговото семејство ќе добијат кров над глава.

Халил Кастрати кој е сопственик на организацијата за добротворни цели „Сираците на Балканот“ дојде од Призрен за да му помогне. Тој му купи стан на Фетах а на социјалните мрежи веќе се појавија и првите фотографии.

Кастрати кога дојде рече дека не си оди без да му обезбеди дом и така и направи.


Фетах е четврто одделение. Раскажувајќи ја приказната за телевизија 21 со солзи во очите рече дека му е срам од другарите бидејќи нема пари за леб.

„Се срамам да одам на училиште без храна. Сакам да имам соба и моја куќа. Немам пари и другарите ме избенуваат заради тоа“, плачејќи раскажуваше момчето.

Од денес Фетах повеќе нема да мора да се срами од другарите. И тој ќе има што да јаде и каде да живее.

Слично

Поврзани вести