Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хуманитарен концерт во Драмски театар за помош на семејството Димитриевски

Хуманитарен концерт во Драмски театар за помош на семејството Димитриевски

Општинската организација Кисела Вода при Црвениот крст организира хуманитарен концерт кој во недела (19.03) од 19:00 часот ќе се одржи во Драмскиот театар во Скопје. 

Целта е да се соберат средства со кои ќе му се помогне на семејството Димитриевски со самохрана мајка со две малолетни ќерки од кои едната боледува од ментален хендикеп и атрофија на мускулите.

Картите ќе се продаваат по цена од 100 денари и истите можат да се резервираат или да се купат пред самиот почеток на концертот. 

На концертот ќе учествуваат: Ансамбл Студио Фолклор, КУД Гоце Марковски, Фолклорно Студио Етнос, Либеро Бенд, Дамјан Димески, Марија Спасовска, Бенд при СЕПУГС "Васил Антевски-Дрен", Оркестар при ДМУБЦ "Илија Николовски-Луј".


Слично

Поврзани вести