Економија, финансии, бизнис

Контакт

ХУМАНА УРБАНИЗАЦИЈА ВО КАРПОШ: Предизборна конвенција на СДСМ, Весковски најавува нови проекти

ХУМАНА УРБАНИЗАЦИЈА ВО КАРПОШ: Предизборна конвенција на СДСМ, Весковски најавува нови проекти

Предизборна конвенција на која беа претставени кандидатите за градоначалници низ скопските општини и Град Скопје на СДСМ се одржа синоќа во паркот „Ибни Пајко“.

Од СДСМ и Коалицијата “Најдоброто за нашата општина“ велат дека на локалните избори оваа година излегуваат со кандидати кои ќе донесат сигурна победа во сите општини. Програмата, како што велат е заснована на реални проекти со кои ќе се излезе во пресрет на потребите на граѓаните.


„Кандидатот за градоначалник на Општина Карпош, Душко Весковски го носи најдоброто за Карпош со програма во која се вклучени проекти за решавање на проблемите на граѓаните, за почиста животна средина, за хумана урбанизација, за создавање на инклузивно општество, за заштита на децата, пензионерите, за поддршка на младите, за родова еднаквост, за поддршка на културните и просветните работници, за отворање нови можности и една поинаква перспектива на општествениот економски развој – за Карпош со кој ќе се гордеат карпошани, стои во соопштението.


Слично

Поврзани вести