„HTC” очекува пад на приходите и нула профит
Нето добивката на најголемиот тајвански производител на паметни телефони HTC, во вториот квартал од годината, паднала за 83 проценти поради зголемувањето на трошоците и залихите. Нето добивката на HTC во вториот квартал изнесува 41.6 милиони долари во споредба со 240 милиони долари од истиот период лани.
Од компанијата, очекуваат, во третиот квартал, да паднат во долгови. Оттаму, за наредниот период предвидуваат полоши резултати, пад на приходите и нула профит и евентуален пад на добивката до осум проценти.
Слично
