ХРВАТСКИТЕ МЕДИУМИ ЗА СМРТТА НА ДЕНИС ТОТ: Го претепале три лица, паднал на асфалтот и изгубил свест
Хрватскиот ракометар на Бутел Скопје Денис Тот (27) починал како последица на физички напад и удар. Македонската полиција потврди дека се работи за физички напад, пишува хрватскиот портал Индекс.хр.
Македонците објавија детали: Денис Тот го претепале три лица, паднал на асфалтот и изгубил свест, пишува Вечерњи лист.
Несреќниот хрватски ракометар починал вчера во болница откако во петокот во раните утрински часови бил донесен во бессознание по забава во ноќен клуб во Скопје.
Прво беше кажано дека бил претепан и дека починал од срцев удар
Првата верзија на настаните што се прошири на македонските и хрватските медиуми беше дека Тот бил нападнат и претепан. Но, локалната полиција вчера ги демантираше овие наводи и посочи дека на телото на несреќниот ракометар нема видливи повреди. И директорката на скопската болница Маја Мојсова ги демантираше информациите дека Тот е претепан.
Младиот човек починал во болница вчера попладне, откако лекарите со часови се бореле за неговиот живот. Велат дека починал од срцев удар, а тоа го потврдил и братот на несреќниот млад човек.
Денеска, пак, беше откриено и потврдено дека на смртта на младиот ракометар и претходел физички напад.
Момчето и девојката се приведени, трето лице е во бегство
Македонските медиуми се повикуваат на извештајот на судскиот лекар и велат дека обдукцијата покажала дека мозокот на Тот бил тешко оштетен од ударот во главата, кој бил фатален.
Тот е роден во Ѓаково, од каде што е Домагој Дувњак, кој му беше пример, а првите сериозни ракометни чекори ги направи во Бјеловар. Потоа настапуваше за Пореч, а во еден момент беше и член на поранешниот шпански шампион Адемар Леон.
Овој леворак десно крило пред Македонија настапувал и во Австрија, а никогаш не играл за хрватската репрезентација, иако, според оние што играле со него, бил исклучително талентиран. Македонските медиуми објавија дека поради трагичниот настан натпреварите меѓу шампионите Вардар 1961 и Бутел Скопје најверојатно ќе бидат одложени за друг термин.
