Економија, финансии, бизнис

Контакт

ХРВАТСКИОТ РАКОМЕТАР СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ ПО ПРЕТЕПУВАЊЕТО ВО СКОПЈЕ: Родителите се овде, Денис Тот имал многу тешки повреди

ХРВАТСКИОТ РАКОМЕТАР СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ ПО ПРЕТЕПУВАЊЕТО ВО СКОПЈЕ: Родителите се овде, Денис Тот имал многу тешки повреди

Хрватскиот ракометар Денис Тот кој игра во Бутел е претепан во Скопје и моментно се бори во живот во Клинички центар, објавуваат и повеќето хрватски медиуми. Македонското МВР не се огласи се уште иако настанот е од завчера, а Тот е во болница од вчера утрото. 

Тот бил примен таму со тешки повреди по целото тело, а она што во моментов може да го потврди неговиот клуб е дека неговата ситуација е критична и ракометарот се бори за живот, но не се знае што точно му се случило. Имал неколку скршеници и многу други повреди, најверојатно настанати откако бил претепан со тапи предмети, но и со тупаници и клоцање. 

Вечерњи.хр објави дека контактирале со неговиот брат Борис кој игра во Холандија и ја потврдиле веста од Македонија. 

„Родителите се на пат за Скопје, но се уште немаме многу информации што точно се случило - рече видно потресениот Борис, инаку надежен голман. 

Неофицијално се дознава дека се се случувало во ноќниот клуб Привилиџ, а наводно се избришани и видеата кои би помогнале во расчистување на случајот.

Слично

Поврзани вести