Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хрватската амбасадорка повикана во бугарското МНР поради поддршката која Милановиќ ја изрази за Македонија

Хрватската амбасадорка повикана во бугарското МНР поради поддршката која Милановиќ ја изрази за Македонија

Бугарија и реагираше на Хрватска поради поддршката за Македонија. 

По наредба на шефот на дипломатијата, Светлан Соев, денеска во Министерството за надворешни работи е повикана амбасадорката на Република Хрватска во Бугарија, Јасна Огњановац. Таа е повикана поради изјавата на хрватскиот претседател, Зоран Милановиќ по Самитот одржан во Брдо каде што присуствуваше и претседателот Пендаровски. Хрватскиот претседател Милановиќ во изјава тогаш остро ја нападна Бугарија велејќи дека тоа што се бара од нивна страна е влегување во интимен простор. Бугарските власти велат дека оваа изјава е неприфатлива. Огњановац се обврза да му го пренесе ставот на Бугарија на Загреб. 

Македонските учебници по историја предизвикаа кавга меѓу бугарскиот европарламентарец Ангел Џамбаски  и хрватскиот претседател Зоран Милановиќ. 

Претседателот на Хрватска ја обвинил Софија дека се меша во внатрешните работи на Северна Македонија, дека сака да  нанесе штета и да ја понижи.

Слично

Поврзани вести