ХРВАТКА ВО АВСТРИЈА: За оваа плата во Хрватска би работела три месеци
Нина Циндриќ од Бјеловар се преселила во Австрија за да работи сезонски.
Во Австрија се јави потреба за 30.000 работници, претежно во угостителството.
Циндриќ за прв пат оди во Австрија, почала да работи од 21 декември и ќе остане до 1 мај.
Таа вели дека е воодушевена од условите и следната година сака да работи повторно во Австрија.
По пат на интернет пронашла работа и вели дека работи 8 часа дневно, и ни минута повеќе.
„Прилично нелагодно се присетувам на сезоната кога работев во еден јадрански хотел и тоа и по 13 часа дневно“- вели девојката.
Циндриќ рече дека платата е тајна, но за парите кои ги заработува во Австрија, во родната Хрватска ќе мора да работи 9 месеци или цела година.
Слично
