Хронично болните во паника: На работа во најкритичниот период, кога ќе настапи многу посилниот есенски бран на Ковид-19
Имам ХОББ со
години, успешно се справив сите овие месеци да не се заразам со опасниот вирус,
а сега кога го најавуваат уште поопасниот есенски бран на болеста, не враќаат
на работа, како може тоа да ни го направат, ова се само дел од реакциите на
хронично болни пациенти кои од почетокот на епидемијата заради заштита на
здравјето останаа дома со одлука на здравствените власти.
Сега, како што велат во разговор за Фактор, последната одлука на Владата, по претходна препорака на Комисијата за заразни болести, дека треба да се вратат на работните места, е целосно бесмислена. Појаснуваат дека нивните стравови се сосема оправдани од евентуално заразување со Ковид-19, бидејќи како што истакнуваат во нашиот разговор, претходно имаше канонада од информации дека следува многу посилен есенски бран на корона вирусот.
-Јас навистина не знам дали нашите власти знаат што прават. Училиштата не ги отвораат заради есенскиот бран на ковид, а таму попилацијата се деца-ученици, нивниот број е многу поголем од наставниот кадар и постои многу помал ризик од зараза. И официјалните податоци кои секојдневно пристигаат од Институтот за јавно здравје, но и на безброј прес-конференции што ги соопштуваше министерот за здравство Венко Филипче, е дека од вкупниот број починати од вирусот, 90 проценти се наши сограѓани кои имале други коморбидитети. Па има ли смисла сега да треба да се враќаме на работните места. Секако дека има ислкучоци, но јас конкретно целиот претходен период, од март наваму ниту сум била некаде, ниту сум била во контакт со некого, ќерките ми набавуваа се што е потребно и уште ми купуваат потребни намирници, едноставно се плашам за моето здравје, вели во разговор за Фактор нашата соговорничка која сакаше да остане анонимна, од причина да не ја изгуби работата.
Тоа што загрижува уште повеќе, појаснува таа е дека и здравствените власти и всушност целата светска експертиза влејаа страв во коски од опасноста од вирусот, па сега многу тешко ќе може да се доведе животот во нормала. Од друга страна, пак, како што вели, и таа, но и другите со хронични заболувања кои ги познава, се свесни од револтот на оние кои и до сега мораа да одат на работа, а се ризична група.
-Страшно е што во државата немаме механизам како тоа да се изрегулира и да биде праведно за сите. Колку хронични болни има во администрацијата и државните институции, толку повеќе има и во приватниот сектор, но за жал таму никој не ги прашува. Но, како и да е сметам дека одлуката на Владата е сосема погрешна, вели таа.
Инаку, за ова, свој пост на Фејсбук објави и директорот на Клиниката за токсикологија, д-р. Нико Беќаровски кој директно се обрати до Комисијата за заразни болести:
Почитувани членови на КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ !!!!
Поминаа 33 години од денот кога го полагав испитот
Епидемиологија со социјална медицина, кај Проф. Јанев, но и ден денес ги
паметам неговите зборови, дека во секоја епидемија младите се челичат,
возрасните заболуваат, а хроничните болни и постарите "патуваат".
Затоа, не учеше професорот, изолирајте ги ризичните категории, а останатите ќе
ја победат секоја епидемија, порано или подоцна.
Ние денес, младите (учениците и младите родители) ги чуваме дома, пензионерите
ни висат пред, маркетите, амбулантите и банките, а хронично болните ги враќаме
на работа.
Знам дека 33 години е многу долг период и можеби ставовите се промениле, ама
како да појаснам на мојот драг медицински техничар С.Б. кој има три стента,
дијабет, ХОББ, ХТА, ХББ дека од утре може безбедно да доаѓа секое утро со
автобус 19, дека може да ги боцка пациентите со 40С, а мојата исто така драга
медицинска сестра Ц.К. млада и потполно здрава треба да седи дома до 31.12.
