ХРИСТОВСКИ ПРИФАТИ ПОРАЗ ВО КРУШЕВО: Ова е нов почеток, порача тој
Кандидатот за градоначалник на Крушево Томе Христоски, прифати пораз во Крушево.
„Иако резултатот не е оној што сите го посакувавме, од срце ви благодарам за поддршката, довербата и секој збор охрабрување што го добивав во изминативе месеци.
Горд сум на тимот со кој заедно работевме овие осум години, на чесната и достоинствена кампања, на сите мои сопартијци, соборци и сограѓани – затоа што покажавме дека Крушево заслужува повеќе.
Ова не е пораз, ова е нов почеток.
Му честитам на мојот противкандидат и иден градоначалник на Општина Крушево, Нико Чонески, за победата во вториот круг од локалните избори, со искрена желба за успех во служба на сите наши сограѓани, преку продолжување на проектите кои се од суштинско значење за нашата општина.
Јас ќе продолжам да се борам за нашето Крушево, со истата љубов, посветеност и верба во луѓето како и досега“, објави тој.
Слично
