Економија, финансии, бизнис

Контакт

Христоски: Дел од коњаниците одлучија да ја бојкотираат организацијата

Христоски: Дел од коњаниците одлучија да ја бојкотираат организацијата

Градоначалникот на Крушево, Томе Христоски реагираше на Фејсбук дека дел од коњаниците одлучиле да ја бојкотираат организацијата „свесно или не да ја нарушат традицијата на пречек на коњаниците“.

Вели дека од 2018 година се трудат да ги негуваат вистинските вредности и да ја оттргнат Манифестацијата од секое политичко влијание.

„Оваа година имаме богата програма, подготвени сме и очекуваме многу гости, но во мене има доза на разочараност. Дел од коњаниците одлучија да ја бојкотираат организацијата и свесно или не да ја нарушат традицијата на пречек на коњаниците. Дали се работи за одредено политичко влијание или партиска (не)подобност? На ова прашање ќе имаме одговор во наредните неколку дена. Сакам да ги известам граѓаните и посетителите на Крушево дека се додека сум градоначалник традицијата ќе ја чуваме и негуваме, затоа што Илинден е нашиот идентитет. Илинден е нашата сила за иднината. Иднината е на сите, без оглед на припадност по партија, религија и националност“, пишува Христоски. 

Утре е Илинден и е неработен ден во Македонија. Во Крушево ќе има прослава по повод празникот. 

фото Фејсбук

Слично

Поврзани вести