Економија, финансии, бизнис

Контакт

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА: Верниците го слават Велигден

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА: Верниците го слават Велигден

Христијанските верници го слават најголемиот христијански празник Велигден. 

Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, но и во другите христијански цркви во земјава. 

Оваа година и православните и католичките верници го слават Велигден на ист ден – 20 април. Ваквото поклопување не се случува често, бидејќи источната и западната црква користат различни календари (јулијански и грегоријански), но годинава датумите се совпаѓаат.

Христијанските верници со овој празник го прославуваат воскреснувањето на нивниот бог Исус Христос по неговата смрт со распнување околу 27-33 година од н.е. Тоа се случило на третиот ден по неговата смрт, сметајќи го и денот на смртта т.е. првиот ден, недела по Велики петок.

Поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан, изјави дека овогодишниот Велигден го доживуваме поразлично од досега, потсетувајќи дека пострадаа шеесетина лица, а повеќе од двесте беа повредени во страшниот пожар во Кочани. Велигден се слави три дена. Утре е неработен ден за сите граѓани во земјава. 

Слично

Поврзани вести