Христијанско братство: Maкедонско име нема да загине, немаме друга татковина
Maкедонско име нема да загине, ние немаме друга татковина, ние немаме друга земја, оваа е библиска земја Македонија, порачаа вечерва од Христијанско братство од пред Собранието.
Рекоа дека се за ЕУ и НАТО, но такви какви што сме да не примат.
Се бара да се повлече договорот, а Заев и неговите соработници ги нарекуваа со погрдни зборови.
Ја предупредија власта да не си игра со македонскиот народ.
„Јас сум од Брвеница, Тетовско која давала борци во секоја војна и ќе дава“- рече говорник.
Mу дадоа јавно поддршка на претседателот, Ѓорѓе Иванов да не подлегнува на притисоци.
На Заев му порача дека уште утре може да си го смени своето име, но Македонија не смее да ја чепка.
Слично
