Економија, финансии, бизнис

Контакт

Христијан Наумовски, ВФП Фонд Менаџмент: Акциите на долг рок се меѓу најисплатливите инвестиции. Најголем ризик е капиталот да стои неинвестиран, изложен на инфлација и обезвреднување

Христијан Наумовски, ВФП Фонд Менаџмент: Акциите на долг рок се меѓу најисплатливите инвестиции. Најголем ризик е капиталот да стои неинвестиран, изложен на инфлација и обезвреднување

Вложувањето во акции на добри компании носи низок ризик, и можност за поголеми приходи, кога се инвестира на долг рок. Вложувањето во криптовалути е премногу ризично,  а фокусот не треба да биде само на акции на технолошки компании.

Довербата е клучна за да се инвестира во акции преку инвестициски фондови! За да ја стекнеме потребно е време, позитивно искуство, а некогаш е доволна само мала едукација, и запознавање со процесите на вложување во акции. Кога станува збор за вложување во инвестициски фондови и ВФП Фонд Менаџмент, прва асоцијација е токму довербата, потоа управуван ризик, сигурност и транспарентноста во процесот и задоволство на клиентите. Експертизата и знаењето на професионалците од областа е подеднакво важно. Тие со својата аналитичност и редовно следење на актуелните домашни и светски случувања, можат да ги антиципираат идните случувања и да дадат добар совет за инвестирање.

“Прашањето каде да се инвестираат парите, и дали баш сега е правото време да се вложи во акции, секогаш е актуелно. Како до оптимално диверзифицирано портфолио, кое обезбедува ликвидност, сигурност и стабилност на долг рок. Кои се опциите? Ова се реални прашања кои си ги поставува секој деловен човек, или семејство, и за кои сака да добие најдобар совет”, сметаХристијан Наумовски од ВФП Фонд Менаџмент.

Според него главен предизвик е да се одберат акции од компании на кои во иднина ќе им порасне вредноста. Важно е да се внимава на индустријата во која се инвестира, на моменталната состојба на компаниите и нивниот потенцијал за раст. Се анализираат и импути за менаџерскиот тим на компаниите, нивните планови за развој, отпорноста на кризи. Сите овие информации, но и многу повеќе се земаат  предвид кога се вложуваат средствата на клиентите во акции. Наумовски смета дека вложувањето во криптовалути е премногу ризично,  а фокусот не треба да биде само на технолошки компании. Може да се инвестира и во просперитетни домашни компании, покрај странски компании, да се комбинираат и акции со обврзници, за да се дојде до оптимално портфолио кое носи дополнителна вредност, а обезбедува и сигурност и безбедност.

2026 година ќе биде година на предизвици! Се очекува пад на каматните стапки,  што може да влијае позитивно во однос на одредени ризици од закана од рецесија, од друга страна отпуштањата на вработени поради имплементацијата на AI може да влијае врз општата глобална потрошувачка, па така вложувањето во акции, како и вообичаено ќе биде поврзано со извесен ризик, а од инвеститорите ќе се бара дополнителна претпазливост. За оние кои преферираат низок ризик останува како опција вложувањето во обврзници. Сепак останува фактот дека најголемиот ризик е капиталот да стои неинвестиран, изложен на инфлација и обезвреднување. Во периоди на економска експанзија и раст на пазарите, најголем дел од инвестициските портфолија остваруваат принос. Но вистинската вредност на паметното управување со капитал се покажува за време на економска рецесија и пазарни падови, кога правилната алокација на средства и управувањето со ризик го штитат капиталот и создаваат основа за повисоки долгорочни приноси.

Наумовски, нагласува дека инвестирањето во фондови не е само за богатите, или пак само за финансиките експерти, напротив тоа е процес во кој може да се вклучи секој, и да почне да вложува со помали износи. Сигурноста е голема во однос на институционалната поставеност и регулаторниот надзор, а резултатот кој се остварува на долг рок традиционално се поврзува со потенцијал за поголем раст во споредба со други форми на чување средства. Треба само да одберете фонд и професионалци на кои ќе им верувате, и заедно да креирате инвестициско портфолио кое ќе обезбеди поголема вредност на средствата кои се поседуваат.

Слично

Поврзани вести