Економија, финансии, бизнис

Контакт

Христијан Мицкоски заразен со коронавирусот

Христијан Мицкоски заразен со коронавирусот

Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е заразен со коронавирусот. 

Тој на својот Фејсбук профил објави дека е позитивен на Ковид-19

„По забележаните првични полесни симптоми, ги добив резултатите од тестирањето кои покажуваат дека сум позитивен на вирусот Ковид-19. Иако ги почитував препораките на здравствените лица, сепак се покажа дека не секогаш тоа е доволно. Чувајте го вашето здравје. Ќе го поминам и ова и на крај ќе победиме за нашата иднина!“, пишува тој. 


Заразени се и градоначалниците на Центар, Саша Богдановиќ, на Прилеп Илија Јованоски и на Крушево, Томе Христоски.  Деновиве  во Македонија дневно има над 500 заразени. Најголем дел од заразените се со британскиот сој на коронавирусот. 

Слично

Поврзани вести