Економија, финансии, бизнис

Контакт

Христијан Мицкоски: Во вторник предлог-одлуки за разрешување на Филипче и Хасани во Собранието

Христијан Мицкоски: Во вторник предлог-одлуки за разрешување на Филипче и Хасани во Собранието

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната прес-конференција, објави дека во вторник кога има редовна седница во Собранието, опозициската партија ќе достави предлог за разрешување на министерот за здравство Венко Филипче и заменик-министерот Илир Хасани.

Двајцата функционери ги депонираа оставките по пожарот во тетовската модуларна болница, но премиерот Зоран Заев не ги прифаќа засега и вели дека прво треба да заврши истрагата. Тоа за ВМРО-ДПМНЕ е само игра пред јавноста.

„Првиот чекор е до вторник рано претпладне е рок кој им го даваме на министерот и другите да ги достават до Собранието. Има закажана нова седница за истиот ден. Доколку не бидат доставени, ќе поднесе предлог-одлука до Собранието за разрешување на министерот и предлог-заменикот“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека надлежен орган за доставување на оставките е Собранието, а Заев таму нема намера да ги достави депонираните оставки. 

Мицкоски додаде дека интерпелација нема да биде поднесена затоа што „фиоките на претседателот на Собранието, Талат Џафери, веќе се преполни“.

Слично

Поврзани вести