Христијан Мицкоски со Менди Ќира се шеташе низ Струга
Премиерот Христијан Мицкоски и новиот градоначалник на Чаир од ВЛЕН,Изет Меџити, денес заедно со кандидатот за градоначалник на Струга, Менди Ќира, остваруваа средби со граѓани од овој град.

Ќира е бизнисмен и на овие локални избори настапува како независен кандидат со поддршка од владеачката коалиција.ВМРО-ДПМНЕ не номинираше свој кандидат во првиот круг од локалните избори во Струга. Противкандидат му е Арсим Далипи од коалицијата НАИ предводена од ДУИ. Претходно имаше и непотврдени информации дека актуелниот градоначалник Рамиз Мерко ќе го поддржи Ќира.

„Секогаш е посебно чувство кога ќе се најдеме меѓу нашите луѓе со отворени срца, искрени насмевки и топол пречек што само Струга знае да го даде. Благодарност до сите што дојдоа, што споделија збор, да ја видат нашата програма за подобар живот и стандард на сите граѓани. Ова е нашата сила, народот обединет, со љубов кон Македонија и иднината!“, објави Мицкоски.
Слично
