Економија, финансии, бизнис

Контакт

Христијан Мицкоски се враќа на предавање на Машински факултет

Христијан Мицкоски се враќа на предавање на Машински факултет

Денеска започнува новата академска година за студентите, а Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, најави дека се враќа на предавањата како професор на Машинскиот факултет на УКИМ.

- Од 1 октомври почнува практично наставата на Машинскиот факултет. Одвај чекам да дојде тој ден. Часовите со студентите се момент кога навистина можам да се оттргнам од овие реални теми и да бидам заедно со нив затоа што тоа навистина е едно посебно чувство кога ќе можете знаењето да го предадете и тоа знаење да остане навистина некаде и да му помогне на некого за нешто, рече Мицкоски неодамна во емисијата „360 Степени“ на Алсат.

Доде дека верува дека ќе успее паралелно да ги извршува успешно обврските и како лидер на најголемата опозициска партија и дека Машинскиот факултет има константен број на новозапишани студенти и дека е еден од најатрактивните за бруцошите.

- Најмаку половина од нашите дипломци по завршување на студиите на прашањето „што понатаму“ велат дека желбата им е да се преселат во странство, наведе Мицкоски.

Слично

Поврзани вести