Економија, финансии, бизнис

Контакт

Христијан Мицкоски од четврток е мандатар

Христијан Мицкоски од четврток е мандатар

Пратеникот Антонијо Милошоски на гостувањето во „Дејли Клик“ на ТВ21 кажа дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во четврток на 6. јуни ќе го добие мандатот за нова Влада од претседателката Гордана Силјановска-Давкова.

Милошоски додаде дека се очекува поддршка од сите политички субјекти за реформа на Владата. Како што претходно најави ВМРО-ДПМНЕ, ќе има укинување на некои министерства, и фомирање на нови.

Мицкоски потоа во рок од 20 дена тој треба да достави до Собранието предлог-состав и програма за работа на новата извршна власт Последниот рок, за доделување на мандатот е 7 јуни.

Работните групи за преговори за состав на идната влада редовно се состануваат, но  сè уште нема конкретен договор за владина коалиција, ниту се откриваат имиња на идните министри. 

Официјалните одговори од партиите се дека разговорите сè уште траат. Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција рече дека уште нема ништо конкретно околу составот на идната влада.


Слично

Поврзани вести