Економија, финансии, бизнис

Контакт

Христијан Мицкоски објави дека е излечен, од денеска се враќа на работа

Христијан Мицкоски објави дека е излечен, од денеска се враќа на работа

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, објави дека е излекуван од Ковид-19 и од денеска се враќа на работните активности по 12 дена минати на Клиниката за ибнфективни болести.
„Велат здравиот човек има многу желби, а болниот само една... вистина е. После 23 дена борба со ковид вирусот, и 12 дена поминати на инфективната клиника денес е првиот ден кога започнувам со моите редовни работни задачи. Најпрво огромна благодарност до медицинскиот тим на Инфективната клиника при државната болница Мајка Тереза. Во едни тешки услови се борат за секој живот, со ресурсите и условите кои ги имаат и се на располагање. Со овој вирус се соочи и моето семејство. И до сите сакам да порачам: чувајте се вие и вашите најблиски! Вирусот не е за потценување. Чувајте се, затоа што никој тоа нема да го направи наместо вие самите. Продолжуваме да се бориме против оваа неодговорна, неспособна и криминална влада, уште пожестоко, уште посилно. Зошто Македонија мора да се исправи на здрави нозе“, напиша Мицкоски.

Лидерот на најголемата опозициска го искоментира и реизборот на Зоран Заев како нов претседател на СДСМ.

„П.С. Откако најавив македонска пролет, ги слушам најавуваат пролетна офанзива. Сме ги виделе и нивните метли и нивните офанзиви. Она што со сигурност доаѓа, е македонската пролет, нова надеж, наша иднина!“, додаде тој.


Слично

Поврзани вести