Економија, финансии, бизнис

Контакт

Христијан Мицкоски го презеде премиерскиот кабинет од Талат Џафери

Христијан Мицкоски го презеде премиерскиот кабинет од Талат Џафери

Христијан Мицкоски, по вчерашното изгласување на новата влада во Собранието, денес го презеде премиерскиот кабинет во Владата, а функцијата му ја отстапи досегашниот технички премиер Талат Џафери.

- При официјалното примопредавање на премиерската должност на новоизбраниот премиер Христијан Мицкоски му посакав успешна и ефикасна работа во интерес на сите граѓани. Ги нагласивме слободните, фер и демократски избори како додадена вредност на евроинтеграциите. Искажав надеж дека политичките субјекти ќе покажат високо ниво на политичка свест и отвореност за соработка за стратешките приоритети на државата, објави Џафери.

Пратениците на Собранието на Северна Македонија синоќа ja izglasaa новата влада, која ќе ја предводи Мицкоски, а ќе ja формираат коалицијата ВМРО-ДПМНЕ - Вреди - ЗНАМ.

„Денес имав чест да ја преземам функцијата премиер од мојот претходник.
На церемонијата во просториите на Владата, како новоизбран премиер, акцентирав дека ќе ги почитувам принципите на транспарентност, одговорност и напредок.
 Мојата визија е насочена кон економски раст, социјална кохезија и меѓународна соработка“, соопшти нешто подоцна Мицкоски.


Слично

Поврзани вести