Економија, финансии, бизнис

Контакт

Христијан Мицкоски го откри својот идол од младоста

Христијан Мицкоски го откри својот идол од младоста

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, во своето новогодишно интервју за ТВ Алфа, меѓудругото открива дека идол во младоста му бил југословенскиот и хрватски кошаркар Тони Кукоч.

Кога станува збор за спортот, два до три пати во неделата го искачува Водно, а исто толку време поминува и во теретана. Од спортовите, најмногу ја сака кошарката и навива за дебармаалскиот клуб Работнички, најтрофејниот кошаркарски колектив во Македонија.

Во младоста најголемиот дел од времето го поминал со својот дедо Стојан, од кого ги научил првите букви. 

-Практично тој ме описмени, тој ме научи првите букви да ги пишувам, првите равенки по математика, да ги собирам бројките, да ги одземам и така натаму. И навистина имаше еден прекрасен ракопис би рекол красноспис, вели Мицкоски.

Од детството, најмногу евоцира спомени од прошетките во Градскиот парк, кај градскиот стадион и кај Луна паркот. Вели дека живеел убав семеен живот, со голем број роднини. 

Слично

Поврзани вести