Христијан Мицкоски денеска на „зелено пазарче“
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ја продолжува неофицијализираната кампања пред претседателските избори на пролет со денешната посета на популарното „зелено пазарче“ во центарот на Скопје.
Лидерот на најголемата опозициска партија денеска во 13:00 часот најави средба со пазарџиите на Зелениот пазар во Скопје.
Претседателот на опозицијата ќе се сретне со пазарџиите кои што не се задоволни од новиот закон за пазари, па Мицкоски ќе ги слушне нивните предлози и идеи, откако тие минатата недела организираа протест пред Собранието.
Во меѓувреме пратениците од актуелното владеачко мнозинство најавија нов Закон за трговија во јуни, додека измените на актуелниот нема да важат иако стапија на сила од 1 јануари годинава.
Слично
