Економија, финансии, бизнис

Контакт

ХРАБРИ МИНИСТЕРКИ И ПРЕТСЕДАТЕЛ - и на дело покажаа дека ја поддржуваат ЛГБТИ заедницата

ХРАБРИ МИНИСТЕРКИ И ПРЕТСЕДАТЕЛ - и на дело покажаа дека ја поддржуваат ЛГБТИ заедницата

Министерките и претседателот на државата се покажаа како похрабри од машкиот дел на владејачкиот кабинет, кој декларативно даде поддршка. 

На денешната втора по ред Парада на гордоста присуствуваа министерките Радмила Шекеринка, Јагода Шахпаска, Мила Царовска и Ирена Стевковска.

„Почит кон различностите. Да не ги стигматизираме и да не ги изолираме луѓето поради нивната сексуална ориентација. Секој има право на избор“, напиша на фејсбук шефот на дравата Стево Пендаровски.

„Силно верувам во општество кое дава еднакви можности за секој граѓанин. Борбата за еднакви права на лицата од ЛГБТИ заедницата, уривање на стереотипите во општеството и нивна видливост и учество во општеството ја водевме заедно и во Собранието на Република Северна Македонија, како член на Интерпартиската парламентарна група за унапредување на правата на ЛГБТИ лицата и денес како министерка за труд и социјална политика. Од моето доаѓање донесовме два клучни закони кои обезбедуваат заштита и унапредување на правата на ЛГБТИ заедницата. Законот за спречување и заштита од дискриминација за прв пат во дискриминаторските основи ги вклучува и сексуалната ориентација и родовиот идентитет.

Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство, ја вклучува заштитата на ЛГБТИ лицата согласно член 5 без разлика на раса, боја на кожа, потекло, пол, род, сексуална ориентација. Секој човек има право да се определи како се чувствува и треба да биде почитуван затоа што е различен. Убавината на општествениот мозаик ја прават различностите. Продолжуваме да работиме на надминување на препреките и креирање нов и подобар свет за сите“, ова на фејсбук го напиша министерката Јагода Шахпаска. 

„Секој е слободен да биде она што е!“, напиша министерката Шекеринска.

„Создаваме општество кое ја негува културата и богатсвото на различностите. Градиме образование без стереотипи, предрасуди и дискриминација, затоа што еднаквоста се учи од најмала возраст. Верувам дека сите ние заеднички ќе овозможиме секој граѓанин да ги ужива своите права. Затоа што само за такво општество вреди да се бориме“, напиша министерката Мила Царовска.

Министерот за земјоделство, пак, Аријант Хоџа од Беса, има поинаков став. 

Слично

Поврзани вести