Хотелските комплекси и жителите на Банско ќе добијат квалитетна вода за пиење
Струмичкото јавно претпријатие за комунални дејности Комуналец почна со поставувањето на нов таложник на реката Воденичица од каде жителите на селото Банско и хотелските комплекси се снабдуваат со вода за пиење. Како што информираат од Комуналец, таложникот кој е со должина од 20 метри, ширина 3 и висина од 2 метри ќе овозможи висок степен на таложување и квалитетен дотур на вода во наредните 20 години.
“Оваа инвестиција вреди 2 милиони и 900 илјади денари, инвеститор е општина Струмица во реализација со јавното претпријатие Комуналец, а изведувач на работите е фирмата Габро од Струмица. Теренот каде што се прави таложникот е доста тежок и комплициран за работа, но сепак се надевам дека ако не послужат и временските услови во наредните триесетина работни денови ќе го завршиме овој зафат. Со ова ќе бидат надминати сите проблеми со водоснабдувањето и жителите и хотелските комплекси ќе добијат квалитетна вода за пиење“, изјави Зоран Ѓоргиев директор на ЈПКД „Комуналец“.
Во населеното место Банско има околу 500 домаќинства со над две илјади жители.
Во населеното место Банско има околу 500 домаќинства со над две илјади жители.
Слично
