Економија, финансии, бизнис

Контакт

ХОСПИТАЛИЗИРАНО Е 13-МЕСЕЧНО ДЕТЕ СО МОРБИЛИ: Прв случај на ситни сипаници се појави во Свети Николе

ХОСПИТАЛИЗИРАНО Е 13-МЕСЕЧНО ДЕТЕ СО МОРБИЛИ: Прв случај на ситни сипаници се појави во Свети Николе

Прв случај на ситните сипаници морбили утринава бил потврден во лабораторијата на Институтот за јавно здравје кај 13-месечно дете од Свети Николе. Како што пренесува Сител, вирусното заболување е потврдено и од страна на Комисијата за заразни болести, при што е нагласено дека детето минатата недела со симптоми било хоспитализирано во Клиничката болница Штип и е во добра состојба.

Утре ќе заседава и Комисијата за заразни болести за евентуални мерки како да се спречи ширење на вирусот кој е многу заразен.

Последен пат во земјава епидемија на морбили беше прогласена во декември 2018, а од наредната 2019-та немавме регистрирано случај.


Слично

Поврзани вести