Хоспитализирани пет деца, уште две мајки и две деца сомнителни во Козле
Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, пет деца позитивни, две мајки и две деца суспектни на вирусот, информира Министерството за здравство.
Оваа болница стана Ковид центар, а во неа освен деца кои се суспектни или позитивни се лекуваат и возрасни пациенти кои се заразиле со коронавирусот.
Инаку во последното деноноќие во ГОБ „8 Септември“ примени се 11 нови, вкупно хоспитализирани се 65 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се шест пациенти. Вкупно се хоспитализирани 67 пациенти. На кислородна поддршка се 31 пациент, а нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 11, а во болницата во Штип 33 пациенти.
Вчера бројката оздравени пациенти надмина 10.000.
Од коронавирус во последното деноноќие се заразиле нови 159 луѓе, а шест ја изгубија битката.
