Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хоспитализација на ковид пациенти од денеска на Интерните клиники

Хоспитализација на ковид пациенти од денеска на Интерните клиники

Министерот за здравство, Венко Филипче, утринава се сретнал со директорот на Клиниката за пулмологија и алергологија проф. д-р. Дејан Докиќ, како и со дел од медицинскиот персонал, на интерните клиники каде веќе од денеска на располагање се ставаат 150 болнички кревети за лекување на ковид пациенти.

-Овој проект со кој се зголемува сместувачкиот капацитет за пациенти заразени со Ковид 19, нема да го поремети нормалното функционирање на сите овие клиники, соопштуваат од Министерството за здравство.

Изминатиов период, министерот Филипче со директорите на сите интерни клиники одржа повеќе координативни состаноци, медицинските тимови се подготвени да работат и со ковид пациенти, а да ги вршат и тековните прегледи и интервенции закажани преку „Мој термин“.


Слично

Поврзани вести