ХОРОР ВО ТЕТОВО: Малолетници принудувале малолетничка на секс, уапсени се шест лица
Грозоморен чин се случил в Тетово. Малолетничка била принудувана на полови дејствија со закана од пет малолетници е еден 18 годишен тинејџер.
Случајот за злоупотребата на малолетната девојка бил пријавен од страна на нејзиниот татко, а во текот на вчерашниот ден, полицајци од СВР Тетово ги уапсиле петте осомничени малолетници и тинејџерот.
- Вчера во 19.30 часот во тетовско, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода петмалолетници и еден 18-годишник, сите од тетовско, постапувајќи по претходна пријава на жител од тетовско според која, тие со закана ја принудиле неговата малолетна ќерка на полови дејства.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава - се наведува во билтенот на МВР.
