Хорор семејна расправа во Црниче - Син го заклал таткото
Семејна расправа во Црница доведе до крвав епилог во кој синот со нож го прободел до смрт неговиот татко. Според првичните информации убиениот бил пронајден од полицијата мртов на прагот од дневната соба. Сведок на убиството била сопругата. Како што кажала таа, со сопругот седела во дневната соба, па дошол синот, ја скршил влезната врата и ја избркал неа, а потоа го нападнал својот татко.
Синот (41) по убиството избегал од куќата, но подоцна се пријавил во Ургентниот центар барајќи лекарска помош поради расекотина на десната рака.
Тој бил приведен и задржан во полициската станица во Кисела Вода.
Телото е предадено на обдукција, а истрагата е во тек.
Неофицијално, таткото е поранешен претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Кисела Вода.
