Хорор превод на басна од Езоп ги разгневи родителите во Македонија
Можеби е малку доцна да се реагира за учебници за основното образование бидејќи учебната година е длабоко во второто полугодие, но содржината на една преведена басна од Езоп со нагласени хорор и експлицитни елементи која неодамна се појави на социјалните мрежи видливо ги вознемири родителите во Македонија.

Преводот ако се спореди со басната на англиски како и од многу други литературни извори е премногу насилен и графички ја опишува приказната за лисицата и орелот кои на почетокот биле пријатели. Потоа орелот ги грабнал младенчињата на лисицата и ги изел, но во македонскиот превод е напишано како сцена од брутален хорор филм.
Басната на Езоп продолжува со тоа што лисицата која не можела да се качи на дрвото за да се освети за трагедијата бидејќи немала крилја, правда добила од небото откако орелот грабнал печено парче месо кое му го запалило гнездото, а со тоа и неговите малечки.
На социјалните мрежи се води жестока дебата дека напишаниот превод е суров, крвав и премногу графички опишано е дејството за деца на мала возраст, па затоа ќе се прават напори за ревизија.
Треба и да се потенцира дека засега се уште не е утврдено дали станува збор за учебник по македонски јазик или пак за некоја испечатена збирка. Што мислите вие, дали басната на Езоп е премногу застрашувачки преведена?
