Хорор одмор за 5 девојчиња од Македонија во Калитеа
Девојчиња од Македонија со нивните другарки имале хорор епизода во Калитеа за која посведочија за ТВ 24.
Сопствениците на апартманот во кој биле сместени, мајка и син, бурно реагирале затоа што наводно пуштиле гласна музика. Тие ги исфрлиле на улица на четвртиот ден од планираните 7 дена на престој, а притоа и физички ги нападнале удирајќи им шамари и влечејќи ги за коса.
Исто така девојчињата од Македонија добиле бројни националистички навреди. Грчката полиција само земала изјави но, не презела повеќе чекори.
Двете од девојчињата кои имале црногорски и американски пасош случајот го пријавиле во конзуларните претставништва кои им понудиле помош. Другите пак, се жалат дека не добиле никаква грижа од македонскиот конзулат во Грција.
