Холанѓанец удрил во камен во Охридското езеро и се онесвестил
Центарот за управување со кризи известува дека Холанѓанец среде Охридското езеро удрил во камен и ја загубил свеста. Со кајче се пренесува кон екипите на итната медицинска помош.
„Преку Единствен повикувачки број за итни повици 112 во околу 12.00 часот е добиена дојава за повредено лице кое удрило во камен во Охридското Езеро и истото со кајче се пренесува до пристаништето на хотелот „Александрија“ во Охрид. За итниот случај, од ЦУК веднаш е известена Итна медицинска помош и од нивна страна во моментот се презема лицето, по што истото ќе биде пренесено во болница во Охрид. Инаку, повреденото лице е странски државјанин од Холандија“,известува ЦУК.
Нема информации како туристот удрил во каменот, бидејќи бил неконтактибилен. Подоцна ЦУК објави дека тој е надвор од животна опасност и пренесен во Општата болница во Охрид на одделот за хирургија.
