Економија, финансии, бизнис

Контакт

Холандскиот премиер Руте вели дека треба да се реши спорот со Бугарија

Холандскиот премиер Руте вели дека треба да се реши спорот со Бугарија

Премиерот на Холандија, Марк Руте кој ја посети земјава вели дека Македонија мора да го реши проблемот со Бугарија. 

Вели дека прашањето меѓу Бугарија и Македонија е билатерално и не треба да ги запира притапните преговори.

Тој се надева дека ќе се најде решение по изборите во Бугарија и како што наведе, имајќи го предвид фактот дека неговите колеги во ЕУ го делат ставот дека билатералното прашање меѓу Софија и Скопје не треба да е пречка за отворање на преговорите со Северна Македонија и Албанија.

Премиерот Зоран Заев го информираше премиерот Руте и за најновата иницијатива „Отворен Балкан“ меѓу Северна Македонија, Албанија и Србија, која има за цел да го демонстрира заедничкиот капацитет на регионот и да донесе конкретни придобивки за нашите граѓани и бизниси што е комплементарно со пристапниот процес преку кој ќе овозможи подобро да се подготвиме за целосна интеграција во политиките на ЕУ. Руте од своја страна ја изрази поддршката за процесот „Отворен Балкан“ и додаде дека иницијативата треба да остане отворена и за другите држави во регионот.

Слично

Поврзани вести