Економија, финансии, бизнис

Контакт

Холандската влада ја достави одлуката до Парламентот: Со Македонија старт на преговори, со Албанија се уште не

Холандската влада ја достави одлуката до Парламентот: Со Македонија старт на преговори, со Албанија се уште не

Владата на Холандија достави на гласање одлука до националниот парламент, според која со Северна Македонија нема пречки за отпочнување на преговорите со ЕУ, додека истото прашање за Албанија ќе треба да почека.

Според холандската влада, Северна Македонија продолжува да ги спроведува неопходните реформи и е посветена на патот кон членство во ЕУ., па според тоа, не гледа пречки за закажување на првата меѓувладина конференција.

„Во областа на владеење на правото, Северна Македонија спроведе бројни реформи, има напредок во борбата против организираниот криминали корупцијата. Исто така, се проширува соработката со Еуропол, а особено подобрување има бројот на обвиненија за осомничени на ‘високо ниво‘. Холандската влада смета дека извештајот за напредокот на Северна Македонија покажува главно позитивна слика за напредокот на реформскиот процес. Напредок има во владеење на правото, борба против корупцијата, јавните финансии и безбедносниот апарат, области кои се особено важни за Холандија“, се вели во образложението доставено до парламентот.

Холандија е против свикувањето на првата меѓувладина седница меѓу Албанија и ЕУ засега. Се цени дека земјата сѐ уште не ги исполнила условите што ги бара Европскиот совет. Албанија не ги исполнила бараните услови врзани за Уставниот суд, Врховниот суд и борбата против корупцијата и организираниот криминал.


Слично

Поврзани вести