Хојт Ји: Во Македонија и Грција има високо расположение за решавање на името
Брајан Хојт Ји, помошник на државниот секретар на САД, оценува дека Македонија и Грција се најблиску до решавање на спорот за името што ќе доведе до целосно одблокирање на евроинтеграциските аспирации на нашата земја, објави Гласот на Америка на македонски јазик.
- Има уште многу работа да се заврши, и тоа од двете страни. Ќе има преговори и јас сум оптимист дека ќе има решение затоа што расположението и во Грција и во Македонија е на највисоко ниво од кога било досега - истакнал заменик-помошникот американски државен секретар, Хојт Брајан Ји во Центарот за меѓународни односи во Вашингтон.
Оценето е дека иако Македонија навидум има најмалку проблеми околу мировните договори, сепак нејзината безбедност зависи со решавањето на спорот со името и влезот во НАТО.
