Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хојт Ји во Македонија - формирањето влада во фокус на разговорите

Хојт Ји во Македонија - формирањето влада во фокус на разговорите

Заменик помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Хојт Брајан Ји, денеска и утре ќе престојува во Македонија и ќе се сретне со државниот врв и со лидерите на парламентарните политичките партии. 

Ји ќе се сретне со шефот на државата Ѓорге Иванов, со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на СДСМ Зоран Заев, на ДУИ Али Ахмети, на БЕСА Билал Касами, со Весел Мемеди од Алијансата на Албанците и со Мендух Тачи лидерот на ДПА,  и со претседателот на Собранието, Талат Џафери. Ова го соопштија од амбасадата на САД.

Според агендата, Ји треба да се сретне  и со претставници на граѓанското општество и на дипломатската заедница.

Ќе се разговара за формирање влада, билатералните односи, и реформите потребни за евро-атлантска интеграција.

Предвидено е по средбите заменикот државен секретар Ји утре попладне да даде изјава. 

Слично

Поврзани вести