Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хојт Ји се сретна со Груевски и Заев - има ли некакво решение?

Хојт Ји се сретна со Груевски и Заев - има ли некакво решение?

Откако ја заврши средбата со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, заменик помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Хојт Брајан Ји влезе на средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во Клубот на пратениците.

Заев беше придружуван од заменик претседателката Радмила Шекеринска и генералниот секретар на партијата,  Оливер Спасовски.

„Новиот претседателот на Собранието е избран законски и легитимно, согласно Деловникот, законите и Уставот. Продолжуваме да ги движиме процесите посветено и мудро и во следниот период ќе пристапиме кон формирање на новата реформска Влада“- вели Заев.

Груевски е придружуван од пратеникот Влатко Ѓорчев. 

Претходно Хојт Ји имаше средби со претседателот Ѓорѓе Иванов, новиот собраниски спикер, Талат Џафери, а вчера имаше средби со претставници на партиите на Албанците. 

Хојт Ји денеска според агендата треба да даде изјава за медиуми. 

Слично

Поврзани вести