Хојт Ји: Прашањето со името е напорна работа, не е едноставно да се реши
„Македонија и Грција имаат вистинска можност да постигнат договор за т.н. прашање за името. Тоа можеби ќе е најдобрата шанса“, изјавил заменик-помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Хојт Брајан Ји во емисијата „Светот е бизнис” на телевизијата Блумберг на бугарски јазик.
Тој искажал верување во политичката волја како во Атина, така и во Скопје, да се постигне договор и да се реши ова прашање еднаш засекогаш
„Ќе се бара напорна работа, бидејќи прашањето не е едноставно да се реши. Ќе беше добро проблемот да се решеше пред 25 години, но ако двете држави продолжат да работат како сега, под раководство на Метју Нимиц, специјалниот претставник на ОН, како посредник, ние веруваме дека тоа е дефинитивно возможно“, рекол Ји.
