Хојт Ји: Македонските власти целосно да ги истражат нападите врз пратениците
Заменикот помошник американскиот државен секретар за Европа и Евроазија, Хојт Брајан Ји вели дека е неопходно македонските власти целосно да ги истражат нападите врз пратениците што следеше по изборот на новиот претседател на Собранието и да се доведат одговорните пред лицето на правдата.
Додава дека ќе работат со новиот претседател на Собранието за поддршка на демократијата и на напредокот на Македонија на европскиот пат.
„Етничките тензии на Балканот уште еднаш се во пораст. Неодамнешното насилство во Македонија ја потцртува сериозноста на нивните политички проблеми“.
Ји нагласи дека застојот во напредокот во дијалогот меѓу Србија и Косово ја остава ранлива стабилноста на Балканот и оти без неопходните структурни реформи во Босна и Херцеговина таа е во опасност да стане пропадната држава.
„Низ регионот национализмот расте, а реториката на домашните политичари изразито разделува“.
Ји наведе дека регионот се соочува со огромни предизвици кои доколку не бидат соодветно третирани претставуваат закана за американските интереси во Европа.
