Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хојт Ји: Ќе биде напорно, но договор меѓу Скопје и Атина може да има

Хојт Ји: Ќе биде напорно, но договор меѓу Скопје и Атина може да има

Хојт Ји, заменик-помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања за бугарската телевизија Блумберг изјави дека сега е вистинската можност, Македонија и Грција да изнајдат решение за долгогодишниот спор околу името.

Државите мора да го почитуваат суверенитетот на другите држави и не треба да се обидуваат да ги сменат границите. 

„Македонија и Грција, имаат  можност да постигнат договор за прашањето за името. Верувам дека постои политичка волја, како во Атина, така и во Скопје, да се постигне договор и да се реши ова прашање еднаш засекогаш. Ќе биде напорно. Но, ако  двете држави продолжат да работат, како што работеа до сега, со посредство на Метју Нимиц, веруваме дека тоа е возможно“ – изјави Хојт Ји.

Тој рече дека компромис може да се постигне само со силна волја на лидерите на двете земји.

Хојт Ји се осврна и на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка кои го ратификуваа Македонија и Бугарија. Тој смета дека ова е позитивен чекор не  само за двете земји туку и за целиот регион, и ја пофали посветеноста на лидерите на двете земји.

Слично

Поврзани вести